Дали ДУИ преговара со Груевски за да обезбеди мнозинство за уставните измени?

0
70

ДУИ ниту потврдува ниту демантира дали преговара со поранешниот премиер Никола Груевски, за да ги обезбеди потребните гласови за уставни измени, објави Алсат. Од партијата на Ахмети не зборуваат ниту за условите под кои Груевски би обезбедил пратеници.

Од ВМРО ДПМНЕ пак ја отфрлија таквата можност, наведувајќи дека никој не може да влијае на пратениците. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Тимчо Муцунски изјави дека нема информации дали Груевски има контакт со некој од пратениците на пратеничката група.

Од владејачката коалиција се убедени дека ќе успеат да го обезбедат двотретинското мнозинство потребно за да се изгласаат уставните измени со кои Бугарите како малцинство би биле вметнатни во Уставот. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат доколку власта е толку сигурна нека ги поднесе измените во Собрание.