Пешаците – најчеста жртва на патиштата во тетовско, каде сигнализација или нема или е несоодветно поставена

0
26

Најава  – Црната статистика со загинати  и повредени пешаци во тетовско од година вгодина расте. Сообраќајната сигнализација која или ја нема или е несоодветно поставена е една до главните прични поради која страдаат пешаците. Но, и сообраќајната култура не е на завидно ниво.

Необележани пешачки премини, уништени сообраќајни знаци, на некои раскрсници и воопшто ги нема, или пак се поставени на несоодветни места.

Ваква е сообраќајната сигнализација во Тетово со години, а последиците големи, бројот на пешаци – жртви од година вгодина расте.

Од Сообраќајната полиција, велат дека нивни екипи се постојано на терен, но без соодветна сигнализација не може да се воспостави ред во сообраќајот. Општината глува на нивните барања за надминувања на пропустите.

А сообраќајната култура на патиштата се помала. Пешаци поминуваат на црвено, за некои улицата и тротарот како да е иста сообраќајна инфраструктура. Голем дел од возачите кога седнуваат зад волан не ги земаат предвид пешаците и велосипедистите, дека и тие се учесници во сообраќајот.

Лани сами во тетовско 4 пешаци загинале, а 90 биле повредени. Црната статистика расте од година вгодина. Сообраќајната култура според сликите од терен се помала.