(ВИДЕО) Маж во Србија упаднал во ноќен клуб со моторна пила

0
50

На снимката се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него. Обезбедувањето на крајот го совлада

На социјалните мрежи се појави видео од маж со моторна пила во ноќен клуб. Како што јавија утринава српските медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб во Крагуевац.

На снимката се гледа како човек ја стартува моторната пила, а луѓето се оддалечуваат од него. Обезбедувањето на крајот го совлада.

Од полицијата во Крагуевац се огласија за случајот.

„Уапсен е Н.З.(54) од Крагуевац, поради сомнение дека на 10 април околу полноќ влегол во ресторан во тој град и со моторна пила им се заканил на членови на музички бенд“,

соопшти полицијата.

Тој е осомничен за сторено кривично дело насилничко однесување.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство Крагуевац.