(ВИДЕО) Над 18 илјади крави загинале во пожар на фарма во Тексас

0
21

Експлозија и пожар целосно уништиле фарма за млечни крави во Димит, Тексас, САД, а изгореле најмалку 18.000 крави, пишува Farmers Weekly. Експлозијата ги затресла околните куќи, а можела да се види на оддалеченост поголема од 400 километри.

Огнот брзо се проширил, а пламенот и чадот ги заробиле работниците кои се обидувале да ги ослободат животните. Противпожарните единици морале да ги спасуваат работниците. Една жена била пренесена во болница и е во критична состојба.

Вкупниот број на угинати животни допрва треба да се потврди. Локалните власти велат дека само мал број од 20.000 крави на фармата преживеале.

Полицијата се сомнева дека до експлозијата и пожарот дошло поради дефект на машината, чиј дел се прегреал пред експлозијата. Исто така, постои сомневање дека се запалил гасот, поради што настанала огнена топка која го зафатила објектот и добитокот во него. На социјалните мрежи пишува дека дефектот настанал во вакуумот за всисување на кашеста маса и урина, а експлозијата настанала поради палење на метан.

Шерифот на округот Кастро, Сал Ривера не сакал да шпекулира за бројот на настраданите грла. Тој нагласи дека има преживеани животни, а некои се здобиле со сериозни повреди и ќе мора да бидат еутаназирани. Започната е истрага за причините за пожарот.

Се верува дека ова е најголемиот поединечен случај на угинување на говеда во САД откако Институтот за благосостојба на животните со седиште во Вашингтон почнал да ги следи пожарите во штали и фарми во 2013 година.

Претходниот најголем пожар се случи во 2020 година на фарма за млечни крави во државата Њујорк, кој проголта околу 400 животни.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа густ чад и се слуша агонијата на животните зафатени од пожарот.