(ВИДЕО) Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-jеол ја испеа „Американска пита“ во Белата куќа

0
33

Разговорите се движеа од сериозни теми како запирање на севернокорејскиот режим да развие нуклеарна програма, до пеење на популарната песна на Дон Меклин „American Pie“.

На државната вечера во Белата куќа, Јун, за кого е познато дека сака караоке, ја сподели својата љубов кон музиката со сите – и го отпеа својот омилен хит.

„Знаеме дека ова е една од вашите омилени песни“, му рече Бајден на Јун, откако го донесе на сцената на крајот од вечерата.

„Да, тоа е вистина“, призна Јун.

„Сакаме да ве слушнеме како ја пеете“, рече Бајден.

„Помина долго време, но…“ одговори Јун, го зеде микрофонот и почна да пее.

Тој ги воодушеви сите присутни, вклучително и претседателот и првата дама.

„Немав поим дека можете да пеете“, му рекол Бајден на јужнокорејскиот колега.

Бајден му рекол на Јун дека авторот на песната Меклин не може да им се придружи во Белата куќа, но тој испратил потпишана гитара што американскиот претседател му ја подарил на јужнокорејскиот лидер, пишува Дејли мејл.

Откако Јун го испеа првиот стих – со громогласни овации – Бајден се пошегува: „Не очекувајте јас да го испеам тоа! Едвај зборувам“.

Американската актерка Анџелина Џоли (47) и нејзиниот најстар син Медокс (21), кој е добар познавач на Јужна Кореја бидејќи студирал биохемија на Универзитетот Јонсеи во Сеул, присуствувале на државната вечера одржана во Белата куќа.

За забава се погрижија ѕвездите од Бродвеј, Норм Луис, Леа Салонга и Џесика Воск, кои изведуваа американски музички класици.