Воздухопловните сили на САД добија наредба да ги прекинат летовите на 24 часа

0
34

Американската војска вчера им нареди на своите воздухопловни единици да ги запрат сите операции за еден ден следниот месец за да ги разгледаат безбедносните процедури и обуката по неодамнешните две хеликоптерски несреќи во кои загинаа 12 војници.

Овој потег ќе ги приземји сите воени пилоти, освен оние кои учествуваат во критичните мисии, додека не ја завршат потребната обука, се вели во соопштението.

Тројца пилоти на американската армија загинаа во четвртокот на Алјаска, каде што се судрија два хеликоптери Апачи. Минатиот месец девет војници загинаа кога два хеликоптери „Блек Хок“ се урнаа за време на тренинг вежба во воздушниот простор над Кентаки.

За спроведување на оваа одлука, американското воено воздухопловство го има на располагање периодот од 1 до 5 мај, додека Националната гарда и резервниот персонал ќе можат да ја поминат потребната обука до 31 мај.