Вучиќ го обвини Курти дека ги сели Србите од Косово

0
49

Вучиќ по средбата со политичките и институционалните претставници на Србите од Косово изјави дека не е можно да излезе со заеднички став, но најавувајќи ја следната средба, рече дека ќе има заеднички заклучоци. На средбата присуствуваа членови на Српската листа. Поради молкот на меѓународната заедница, Србите на Косово бараат помош од Србија.

„Тие се револтирани од апсењето на Србите и апсењето на оние кои пружија ненасилен отпор на насилните акции на Курти и рекоа дека тоа е „обид да се исчисти Северот на Косово од сите оние кои еден ден би можеле да се спротивстават“. Србите повеќе не сакаат да го трпат тоа“, рече Вучиќ.

Оваа година имаше серија напади и апсења на косовските Срби. Албанците нападнаа Срби на Бадник и Божиќ. Повредено беше и дете.  Неодамна Вучиќ и Курти одржаа средба во Охрид за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Откако Курти е премиер, на Косово имало најмалку 300 напади на косовските Срби. Посериозни санкции за сторителите нема. Косово треба да формира Заедница на српски општини, но таа обврска цело време ја одложува. Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека нема автономија за српските општини и дека од позиција на претседателка на државата нема да дозволи да се прекрши Уставот.