Двајца малолетници осомничени за тешка кражба од битолски автобус

0
33

Двајца малолетници од Битола се осомничени за тешка кражба од автобус марка „мерцедес“ со битолски регистарски таблички, соопшти МВР.

Кражбата се случила пред два дена, а денеска малолетниците биле во полициска станица со родителите и го признале делото.

„Од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола малолетниците во присуство на родителите и претставници од Центарот за социјални работи се повикани на разговор, при што во целост го признале кривичното дело“,

велат од МВР.

Одземените работи од автобус биле вратени на сопственикот, а од полицијата велат дека ќе поднесат и пријава против малолетниците.