Две лица пренесени во болница, па вратени во Идризово

0
22

Две лица побарале преглед на скопските клиники, по вчерашната акција во затворот „Идризово“, а потоа биле вратени назад во затворот, пишуваат дел од медиумите. Вчера специјална единица од МВР, на барање на затворската полиција, изврши претрес во затворот „Идризово“. Неофицијално, станува збор за разбивање на нарко група која дејствувала во рамки на затворот, но сепак причините не се потврдени. Дел од информациите на Алсат говорат дека имало бунт кај затворениците и дошло до судир со затворската полиција, па затоа била повикана на помош и специјална единица на МВР. Блокирани биле влезовите и излезите од полуотвореното и отворено одделение, а во акцијата вклучена била и затворската управа. Инаку, изминатиов период беа опожарени неколку возила на службеници од затворот, меѓу кои и службеното возило на заменикот директор. Од МВР сè уште не соопштиле детали за акцијата.