Имало муабети дека тетовскиот анестезиолог користел наркотични средства, но неговото досие е чисто, вели директорот на Клиничката болница Тетово Плумб Вела

0
34

По случајот со тетовскиот лекар кој објави видео на социјалната мрежа „Тик-Ток“, од пациентки во една од болничките сали, од Клиничката болница Тетово најавија дека наредната недела ќе биде формирана Дисциплинска комисија. Вакво тело во болницата немало подолг период, па затоа и на докторот досисето му било чисто, иако за него имало неофицијални информации дека правел проблеми, но немал кој и каде да ги заведе.

За тетовскиот анестезиолог имало информации дека користел наркотични средства, но тие не било официјално потврдени, оти во болницата немало Дисциплинска комисија за да ги заведе ваквите проблеми, вели директорот на Клиничката болница Тетово Плумб Вела.

Зошто немало таква комисија јас како нов директор не можам да ви кажам, вели Вела. Но, другата недела на Управен одбор, ќе го формираме ова тело.

Болницата има донесено нов правилник, кој ќе овозможи поголема заштита и приватност на пациентите, додава Вела.

Тетовскиот анестезиолог по судскиот процес може да се соочи со доживотна забрана за вршење лекарска дејност, бидејќи несовесно се однесувал на работното место.

Вчера и министерот за здравство Меџити изјави дека и до него стигнале информации дека тој и претходно правел проблеми, но досега никогаш не бил санкциониран. Лекарската комора поведе постапка за одземање на неговата лиценца во времетраење од седум години.