Исчезнаа две девојчиња од СОС Детско село

0
23

Две седумнаесетгодишни девојчиња се пријавени за исчезнати, откако го напуштиле СОС Детско село, а полицијата работи на нивно пронаоѓање, стои во билтенот на МВР.

-Вчера во 00.30 часот во СВР Скопје, од СОС Детско Село пријавиле дека од домот се оддалечиле корисничките К.А.(17) и А.Ѓ.(17). Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата, стои во билтенот.