Македонците на врвот на листата за добивање бугарски пасош

0
19

Бугарија секој ден им издава по еден пасош на Русите. 356 Руси во 2022 година земале бугарски пасош, според партнерот на Еуроактив Бугарија – Segabg.com, кој се повикува на податоци од кабинетот на претседателот на државата. Праксата трае со години. Русите земале бугарски пасоши и пред Русија да почне инвазијата на Украина.

Во 2021 година 479 руски државјани добиле бугарски пасоши. Годината пред тоа, бројката била 485. Понатаму, над 300.000 имоти се во сопственост на Руси во Бугарија, главно покрај нејзиниот брег, покажуваат податоците од 2019 година.

Русите се само на седмото место меѓу луѓето кои добиле бугарско државјанство минатата година, а во групата најбројни се Македонците (1.992), потоа Украинците (1.639), Турците (1.290), Србите (556) и Албанците (517). Молдавците се исто така повеќе од Русите (476). Лани вкупно 7.410 лица се стекнале сп државјанство врз основа на бугарско потекло, родител – бугарски државјанин или општа натурализација. Откако почна руската инвазија на Украина, многу руски граѓани избегаа во странство за да ја избегнат мобилизацијата.