Папата повика на прекин на војната и на сите конфликти во светот

0
23

Папата Франциско изрази „силна загриженост за нападите во последните денови“ на Блискиот Исток кои го загрозуваат израелско-палестинскиот дијалог во својата велигденска порака.

Насилството во Ерусалим и во регионот „ја загрозува посакуваната клима на взаемна доверба и почитување неопходни за продолжување на дијалогот меѓу Израелците и Палестинците“, рече Папата во традиционалната велигденска порака „До градот и светот“ пред околу 100.000 верници кои се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Тензиите на блискиот исток  растат, особено околу џамијата Ал Акса во Ерусалим, каде израелската полиција интервенираше за да ги оттргне палестинските верници среде верски празник, што предизвика силна меѓународна осуда.

Со присуство на десетици свештеници и десетици илјади аџии и туристи на плоштадот Свети Петар, папата Франциско ја започна мисата на Велигден според Грегоријанскиот календар.

Тој повторно беше во јавноста 12 часа по Велигденското бдение во базиликата Свети Петар во текот напретходната вечер.

Папата, кој се уште се опоравува од бронхитис, ја прескокна традиционалната поворка на Велики петок поради студеното време.