Полицијата запрела автомобил во Ресен, сопатникот фрлил кесича со дрога и почнал да бега

0
23

„Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И. Т., а во кое сопатник бил Д. Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја.Бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле пронајдени две кесички со бела и кафеава материја.По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.