Прегазен пешак во Тетово, возачот побегнал

0
33

Возач од Тетово вчера околу 14:30 часот го прегазил 45-годишниот А.Б. и го напуштил местото.

На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилевски-Бато” со ул.„Љубо Божиноски-Пиш” во Тетово, патничко возило „Бе-Ем-Ве” удрило во пешакот А.Б.(45) од Тетово, по што го напуштило местото, соопшти МВР.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.