Пукање на роденденска забава во САД: Четворица мртви, 20 ранети, повеќето се тинејџери

0
24

Најмалку четири лица се убиени во пукање на забава за 16-ти роденден во американската држава Алабама. Фокс њуз јавува дека има информации за повеќе од 20 ранети.

Престрелката се случи во градот Дејвил околу 22.34 часот по локално време, се вели во соопштението објавено од Агенцијата за спроведување на законот во Алабама.

Специјални агенти од АЛЕА започнаа истрага.

Пасторот Бен Хејс рече дека повеќето од жртвите биле тинејџери.

„Еден од младите луѓе кои загинаа беше спортист и едноставно одлично момче“, рече тој.

„Познавав многу од нив. Дејвил е мал град и тоа ќе влијае на сите во областа“, додаде тој.

Дејвил е мал, рурален град лоциран во округот Талапуса во источна Алабама. Има население од само 3.200 луѓе.

Сузан Фој, главен маркетинг директор на медицинскиот центар Расел во Александар Сити, на околу 50 километри од Дејвил, го нарече инцидентот „ужасна трагедија“.

Таа за Фокс њуз потврди дека повеќе жртви се лекуваат во болница.

„Неколку жртви со прострелни рани мораа да бидат префрлени во други болници за подобро да се справат со нивните конкретни рани/повреди“, рече таа.