Радев контра Пендаровски: Го канам 10тина пати во Софија

0
36

Најмалку 10 пати го имам покането Пендаровски да дојде во Софија. Бугарскиот Претседател Радев реагира на вчерашното интервју на Пендаровски за Сител во кое македонскиот претседател рече дека подолг период нема никакви контакти со бугарскиот колега.
Јас бев тој кој што ви овозможи европски пари за да купите струја, рече бугарскиот претседател денеска

„Ја разбирам болката на претседателот на РСМ што јас бев личноста што пред 2 години прв го постави проблемот со правата на македонските Бугари пред своите европски колеги и европските институции. Вклучувањето на македонските Бугари во Уставот станува задолжителен услов за почеток на преговорите и се надевам дека претседателот на РСМ ќе сфати дека ова е да ѝ помогне на својата земја, да раскине со идеологиите на тоталитарното минато и да се пресели кон демократизација на државата. Моите врати се секогаш отворени за него“ – рече Радев

За танго се потребни двајца рече Пендаровски вчера во тема на денот не криејќи дека билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија паметат далеку подобри денови.

Односите на Пендаровски и РАдев се чини се спуштија на најниското ниво на почетокот на месецов кога македонскиот претседател ги нарече скандалозни барањата не техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија и софија да биде вклучена во работните групи за Уставот.

Извор Сител.