Скопјанка касната од куче-миленик во Градски парк

0
22

Вчеравечер скопјанка пријавила дека била касната од куче-миленик во Градскиот парк.

-На 13.04.2023 во 20.30 часот во Полициска станица Карпош, Е.С.(43) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче со сопственик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.