Тешка сообраќајка близу Ресен, еден загинат и повредени

0
21

На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од лице од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од лице (52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 57 жена., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатникот во возилото „сеат“ (56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола.