„Титаник 2“ е завршена приказна за Мијалков – му застаре делото

0
18

На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре уште дело, откако Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април.

Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му застарува на 7 април. Ова значи дека нему нема да му се суди за изборните нерегуларности.

Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат е во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.

Предметот го судат претседателот на Советот, Ѓоко Ристов, како и судиите Тања Милева, Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски.

Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни. На повтореното судење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.

Пред шест дена Апелација донесе пресуда и за „Плацови на Водно“, со која Сашо Мијалков беше ослободен од затвор и доби условна казна.