Јаревски: Србија гради со тендер, а ние со договор во четири очи – Груби вели ВМРО – ДПМНЕ лаже

0
24

Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Јаревски му одговори на првиот вице премиер Артан Груби, кој вчера ја обвини опозицијата дека шири лажни вести за изградбата на Коридорите 8 и 10-д и дека со блокадата во Собранието само ја поскапуваат и пролонгираат изградбата но, не може да ја запрат.

Јаревски денеска вели дека Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука.. Според него во Србија имало тендер, а кај нас договорот е склучен во четири очи.. Километар автопат во Србија вреди 7 милиони евра, а во Македонија 20 милиони евра, вели Јаревски.

И денеска на ваквите обвинувања одговори првиот вицепремиер Артан Груби. Тој на својот Фејсбук профил и денеска напиша дека граѓаните не треба да веруваат на лагите на ВМРО – ДПМНЕ.

– НЕ ДОЗВОЛЕТЕ ДА ВЕ ЛАЖАТ: НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ЈА СПРЕЧИ ИЗГРАДБАТА, САМО ЈА ПРАВИ ПОСКАПА И ПОДОЛГА. БЛОКАДАТА НА ВМРО И ЛЕВИЦА МОЖЕ ДА ГИ ЧИНИ ГРАЃАНИТЕ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА И ДВЕ ГОДИНИ ПОДОЛГА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТ. ПРАТЕНИЦИТЕ ОДЛУЧУВААТ ДАЛИ АВТОПАТИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ИЛИ ПОБАВНО И ПОСКАПО – НАПИША ГРУБИ НА ФЕЈСБУК.