Втората љубовница на Трамп за романтичната афера: Се сакавме, ми нудеше пари за секс

0
47

Поранешната манекенка Карен Мекдугал (52) тврди дека имала афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76) која траела 10 месеци. Трамп негираше дека тоа некогаш се случило. Карен неодамна во интервју за „Дејли Мејл“ ги откри деталите од нивната љубовна врска.

-Може да биде дрзок и вулгарен, но кога има свои љубезни моменти, прекрасно е да се видат бидејќи тоа значи дека тој се уште е човек. Тој треба да биде повеќе сочувствителен кон луѓето воопшто, многу повеќе“, рече Карен за Трамп.

За врската со поранешниот претседател, тврди дека било добро и дека биле заљубени.

– Бев заљубена во него. Беше заљубен во мене. Знам затоа што ми го кажуваше тоа цело време. Ме запозна со своите пријатели – откри поранешната манекенка.

Карен и Доналд се сретнаа во вилата на Плејбој на забава во јуни 2006 година, организирана од Хју Хефнер за натпреварувачите во реалното шоу на Трамп „Celebrity Apprentice“.

Сето ова се случи иако Трамп е во брак со Меланија Трамп (53) со која има син.
Трамп бил воодушевен од поранешната манекенка и побарал од обезбедувањето да го добие нејзиниот број. Неколку дена подоцна се дружеле во хотелот Беверли Хилс и ја поминале ноќта заедно. Тогаш Доналд и понудил пари.

– Јас не сум таков тип на девојка – му одговорила таа.

По неколку дена Трамп ја поканил на вечера, а таа се согласила, иако не знаела зошто.

Тие се забавувале само 10 месеци, а Карен призна дека се срами што била негова љубовница.