Брачен пар од Тетово истепал сосед, бил повреден и со нож

0
21

Вчера во 15 часот и 55 минути во СВР Тетово повикан е 34-годишниот тетовец К.М. кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З.Х., инаку негов сосед, дека на улица „Питу Гули“ во Тетово физички го нападнал.

„Според пријавеното, во нападот во кој учествувала и неговата сопруга, К.М. употребил и остар предмет и го повредил. Тој е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“ соопштија од СВР Тетово.