(ВИДЕО) Ердоган прогласи победа

0
20

Денеска во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори, а борбата се водеше меѓу актуелниот и долгогодишен претседател на државата Реџеп Тајип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициски Национален сојуз, Кемал Киличдароглу.

Според резултатите што ги објави државната новинска агенција Анадолу – Ердоган останува претседател на Турција.

https://m.facebook.com/RTErdogan/videos/918309349229227/

Според резултатите на Анадолија, врз основа на нешто повеќе од 98 отсто преброени избирачки места, Ердоган добил 52,10 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,90 отсто.

Ердоган веќе излезе во јавноста и прогласи победа.

„Го завршивме вториот круг од претседателските избори со наклонетост на нашата нација“, рече тој.