(Видео) Пожар во болница во Мадрид – едно лице загина, 24 се повредени

0
69

68-годишен маж почина од труење со чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

 

Пожарот избувнал во просторијата во која загинал мажот и било спречено негово ширење.

Според Ел Мундо, пациентот во тоа време бил сам. Весникот додава дека пожарот избувнал на Одделот за психијатрија. Меѓу повредените има полицајци, обезбедување и медицински персонал, а по укажаната помош сите се добро.