(ВИДЕО) Поплави во Италија

0
45

Две лица загинаа, а илјадници се евакуирани од своите домови по разорните поплави што го погодија северниот италијански регион Емилија Ромања, соопштија денеска властите, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши.

„Врнежите не се завршени, ќе траат неколку часа. Соочени сме со многу комплицирана ситуација“, велат од Агенцијата за цивилна заштита, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува и дека неколку лица се водат за исчезнати, но не се наведува точниот број.

 

Италијанските медиуми објавија дека најмалку четири лица се водат како исчезнати, едно во Чезена и три во блискиот Форли.