Владата донесе одлука: Наместо да плаќате за нови таблици, доволно ќе биде лепенка НМК

0
24

На мое големо задоволство денеска Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата во врска со потребата од ставање налепници со „НМК“ ознака на регистарските таблици, на предлог на МВР. Во служба на граѓаните, со ставањето на овие налепници ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица, а истовремено во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Покрај ова, со ова решение им овозможивме олеснување и на транспортерите кои патуваат во ЕУ, со што ќе ги задржат постојните таблички на транспортните возила, а истовремено ќе бидат заштитени од потребата за промена во целокупната документација во државите членки на ЕУ каде што извршуваат транспортни услуги.