ЗЕЛЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО ПАПАТА И МУ ПОДАРИ ИКОНА НАСЛИКАНА НА ВОЈНИЧКИ ПАНЦИР

0
24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Ватикан имаше средба со папата Франциск.

Ова е прва посета на Зеленски на Рим од почетокот на војната, при што тој разговараше со папата околу 40 минути, подарувајќи му панцирен елек кој го користел украински војник а на кој подоцна е насликан ликот на Богородица.

Зеленски последен пат се сретна со папата во Ватикан во 2020 година, а од почетокот на војната тие разговараа неколку пати по телефон.

На почетокот на војната, папата се обиде да заземе избалансиран пристап, но подоцна почна остро да ги осудува постапките на Русија, споредувајќи ги со некои од најлошите злосторства против Украина за време на советската ера.