Наставник поттикнувал малолетник физичко да нападне соученик!

0
25

Денеска во полициската станица Карпош, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека минатата недела, на час во основно училиште во општина Карпош, по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другото дете физички да го нападне нејзиното дете, информираат од МВР.

„Според пријавеното, малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според жената пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.