ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ: ќе биде погребан во Штип

0
58

Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов починал синоќа во ГОБ „8 Септември“, каде беше хоспитализиран откако доживеа мозочниот удар кон крајот април. Тажната вест за ММС ја потврдила неговата сопруга Јелена, која изјавила дека ќе му ја исполнат последната желба, а тоа е да биде погребан во Штип.

„Починал ноќеска, нам лошите вести утрово нѝ ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе нѝ се врати, но за жал нѝ замина. Многупати досега кажал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме, вели Јелена за „ММС“.

На социјалните мрежи, сите кои уживаа во неговата музика се простуваат од легендата на ромската песна.