Приведени тројца битолчани

0
21

Вчера, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода битолчаните со иницијали Д.Т. Љ.Т. и С.Т.

Приведените, по претходна расправија, со пиштол му се заканиле на нивниот сограѓанин со иницијали Л.М. во кругот на неговата фабрика во битолското село Кременица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.