Пријавани физички напади на двајца малолетници во Скопје

0
28

Двајца малолетници вчера биле физички нападнати на територијата на општините Карпош и Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје, вчера во 14.30 часот, 54-годишната С.Б. од Велес пријавила дека претходниот ден, околу 18 часот, во интернат на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица. Нешто подоцна, во 15.50 часот во СВР Скопје, Б.Е. пријавил дека околу 12 часот во круг на училиште на подрачје на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, стои во Билтенот на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.