Пукање во бар во Канзас Сити: Три лица загинаа, двајца се тешко ранети

0
57

Три лица загинаа, а две се повредени, од кои едно потешко, во пукање во бар во Канзас Сити, Мисури, кое се случи рано утринава, соопшти полицијата.

Службеничката на полицискиот оддел во Канзас Сити, Дона Дрејк, изјави дека две лица починале на местото на настанот, а третото починало во болница, пренесе АП.

Жртвите се полнолетни, соопшти полицијата, додавајќи дека нападот е под истрага.