Трамп: Путин немаше да влезе во Украина ако јас бев претседател

0
24

Екс-претседателот на САД, Доналд Трамп даде интервју за Си-Ен-Ен само еден ден откако поротата на Менхетен утврди дека тој сексуално ја нападнал Е. Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во 1996 година.

Трамп одби да признае дека изгубил на претседателските избори во 2020 година, наместо тоа ги повтори тврдењата дека изборите биле наместени.

Тој не сакаше да одговори и дали смета дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник во контекст на руската војна во Украина.

Рече дека тоа е нешто што „треба да се разговара подоцна“. Сепак, призна дека мисли дека „Путин направи грешка“.

„Ако кажете дека е воен злосторник, ќе биде многу потешко да се склучи договор за да се запре оваа работа. Ако е воен злосторник, луѓето ќе го грабнат и ќе го погубат, тој ќе се бори многу посилно отколку што тоа го прави под други околности. Тоа е нешто за што ќе разговараме подоцна“, најави тој.

„Неговата грешка беше што влезе внатре. Тој никогаш немаше да влезе ако јас бев претседател“, продолжи Трамп, мислејќи на руската инвазија на Украина.

Трамп не даде јасен одговор на прашањето дали сака Русија или Украина да ја добијат војната.

„Не размислувам за победа и пораз. Размислувам како тоа да се реши за да престанеме да ги убиваме сите тие луѓе“, рече Трамп.