Убиство пред обложувалница во Маџари

0
90

Утрово пред обложувалница на улицата „Благоја Стефковски“ во Маџари се случило убиство, дознава „24 Инфо“. Со огнено оружје било застрелано едно лице.

Екипа на МВР е на лице место врши увид. Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за немилиот настан кој ги вознемири жителите на оваа скопска населба.