Илон Маск во Пекинг: Интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци

0
20

Милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Тесла, денеска се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, набргу откако слета во Пекинг во неговата прва посета на Кина од 2020 година.

Маск, вториот најбогaт човек на светот, пристигна во Пекинг со приватен авион во сопственост на Тесла.

Посетата следи по зголемената конкуренција со која Тесла моментално се соочува со електричните возила произведени во Кина, но и во услови на неизвесност околу плановите за проширување на фабриката на неговата корпорација во Шангај.

Маск оцени дека интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци.

Извор: МИА