(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО КИНА: Најмалку 31 жртва, девет лица приведени

0
22

Триесет и едно лице загина во експлозија на гас во ресторан во северозападниот дел на Кина, јави агенцијата ДПА повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа. Резервоарот со течен гас во ресторанот на приземјето експлодирал, а пожарот се проширил и на првиот кат од зградата.

Седум лица се примени во болница поради изгореници и повреди од скршените стакла, додава агенцијата.