Владика ги опомена пратениците дека ќе бидат лишени од погреби и венчавки ако гласаат “за” спорните закони

0
27

Пратениците кои ќе гласаат за Законот за родова еднаквост се соочуваат да бидат исклучени од црковната заедница. Тие би биле лишени од свештенодејствија, односно за нив ќе биде забрането извршување на црковните обреди, како што се крштевки, венчавки и погреби. Ваква јавна опомена до нив упати викарниот епископ на Скопската епархија Давид.

Во пресрет на денешниот Сенароден собир против законите за матична евиденција и за родова еднаквост организирани од МПЦ-Охридска Архиепископија, на својот блог, Епископот Дремвитски оценува дека законското решение за родова еднаквост е израз на најновиот вид анархија, продуцирана директно од државата, бидејќи таа не го слуша гласот на народот. Владиката Давид вели дека ниту, ниту црквата нема против правото на избор, но дека е недозволиво насила да се наметнува стилот на живеење на некоја минорна група.