Денес почнува летото

0
28

На северната хемисфера на Земјата денеска започнува летото.

Во 16 часот и 59 минути ќе започне летото, а во исто време ќе започне зимата за жителите на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на летото, денот е најдолг, а ноќта е најкратка.

Првиот ден од летото се смета за ден на летната краткоденица (најдолгиот ден), кој обично паѓа помеѓу 20 и 23 јуни. Додека Земјата ротира околу Сонцето, но и околу својата замислена оска, нејзината положба во одреден момент во однос на Сонцето ги дефинира годишните времиња.

Оваа година есенската рамноденица е на 23 септември, што значи дека тогаш завршува летото и започнува есента.