Им земал околу 6.000 евра, тетовец излажал три лица дека ќе им обезбеди термини за визи

0
25

Против 33-годишен жител на тетовска Мала Речица МВР поднесе кривична пријава бидејќи е осомничен дека од јануари до април годинава на три лица им зел пари ветувајќи им дека ќе им обезбеди побрзо термини за виза во странска амбасада.

Им побарал преку брз трансфер да му префрлат пари и им ветил дека ќе им овозможи термин во амабасадата во рок од две недели. Му платиле 5.600 евра.