Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница на парламентот, доби аплауз

0
24

Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница во парламентот, поради што доби аплауз.

Станува збор за Џилда Спортиело, која го искористи правото да го дои своето дете за време на седница на парламентот, со што стана првата жена што го направила тоа во Италија. Оваа 36-годишна пратеничка го доеше својот двомесечен син Фредерик.

„Премногу жени престануваат да дојат рано, не по избор, туку затоа што се принудени да се вратат на работното место“, изјави Спортиело.