Педофили во Пула и Ровињ снимале деца додека се туширале во кампови

0
35

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ.

Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира во камп во областа Премантура.

Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.

Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица.