Романија со обвинение за Ендру Тејт, за трговија со луѓе и силување

0
43

Тејт, неговиот брат Тристан и уште двајца осомничени беа испратени од ромаските обвинители на судење под обвинение за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени.

Браќата Тејт и двајцата други осомничени се во домашен притвор во очекување на кривична истрага за злоставувања извршени врз седум жени, обвинувања што тие ги негираа.

Четворицата беа задржани во полициски притвор од 29 декември до 31 март, пред судот во Букурешт да ги стави во домашен притвор.

Ендрју Тејт исто така е обвинет за силување на една од жртвите, додека неговиот брат Тристан е обвинет за поттикнување други на насилство.

Судењето нема да започне веднаш.

Според романскиот закон, случајот се испраќа до прелиминарниот совет на судот, каде што судијата има 60 дена да ги провери списите на случајот за да се осигура законитоста.

Браќата Тејт, поранешни кик-боксери кои имаат американско и британско државјанство со милиони следбеници на интернет, се осомничените од највисок профил што ќе бидат испратени на судење во Романија за трговија со луѓе.

Обвинителите рекоа дека браќата Тејт ги регрутирале своите жртви заведувајќи ги и лажно тврдејќи дека сакаат врска или брак.