Три лица каснати од улични кучиња во Скопје

0
27

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три каснувања од улични кучиња на различни локации во Скопје.

Најпрво во 09.45 часот во Полициската станица Центар, Д.В.(59) од Куманово пријавила дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ во Скопје била касната од куче скитник.

Потоа во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.Р.(62) од Куманово пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ во Скопје била касната од куче скитник.

Додека во 11.30 часот во Полициската станица Центар, Љ.Т.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„Илинден“ во Скопје бил каснат од куче скитник.