64-годишен скопјанец заврши во полиција, во Марков манастир им се заканувал со оружје на двајца сограѓани

0
31

64-годишен жител на Скопје вчеравечер е уапсен во Марков Манастир, каде претходно, според полицијата, им се заканувал со „огнено оружје“ на двајца сограѓани. Во истото соопштение, полицијата наведува дека од осомничениот била одземена воздушна пушка и дијаболи.

На 26.06.2023 во 19.10 часот на место „Марков Манастир“, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.П.(64) од Скопје, поради тоа што околу 15.30 часот, по претходна расправија со С.С.(41) од Скопје и М.Н., им се заканил со огнено оружје. Од пријавениот биле одземени воздушна пушка и дијаболи, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Из С.П