Изгоре архивата на судот во Куманово

Синоќа изгоре архивата на судот во Куманово откако пожар избил во подрумските простории. Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопштија дека пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.

ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 1.35 часот. Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и седум пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е уште е на терен – соопшти РЦУК.

Вработените во судот и другите институции денеска не работат во објектот на судот затоа што нема услови за работа.

Из С.П.