Борис Џонсон стана татко по осми пат

0
31

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, роди момче.

Тоа е нивното трето заедничко дете, осмо на нејзиниот сопруг.

Кери Џонсон (35) во мај годинава на својот Инстаграм профил објави дека е бремена во осмиот месец и дека бебето би можело да се роди „за неколку недели“. А денеска објави дека се породила минатата недела, пренесува Мирор.

„Добредојдовте на светот Френк Алфред Одисеј Џонсон роден на 5 јули во 9.15 часот (Можете ли да погодите какво име избра мојот сопруг?)“, напиша таа.

Таа додаде дека поголемите деца се многу среќни бидејќи добиле братче.