Гостиварец ја истепал сопругата, бил агресивен и кон другите членови на семејството

0
25

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, околу 16.40 часот го лишиле од слобода 45-годишниот гостиварец А. Д..

Тој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека агресивно се однесувал и кон другите членови на семејството.

Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.