До среда нè очекува многу топло време

0
24

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки рабори на Македонија

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 9.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 21 степен, а максималните од 30 до 40 степени.

Воските температури според синоптичарите ќе се задржат следните три дена, а благо разладување се очекува од четврток.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер