Зеленски за CNN: Путин покажува слабост, неговата моќ пропаѓа!

0
23

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ е слаб и дека претседателот на Русија ја губи контролата врз сопствениот народ.

„Сета таа вертикала на моќ, што некогаш ја имаше, сега само пропаѓа“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката на шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, додавајќи дека половина Русија го поддржува бунтот на таа приватна воена група.